Победничката во 13-та сезона на „Ѕвездите на Гранд“, е главна тема во регионалните медиуми.
Тинејџерката од Босна, Џејла Рамовиќ, за време на девет месеци натпревар, постојано важеше за фаворит, а крајот покажа дека публикта, но и жирито само потврдија дека Џејла ја заслужува победата.
Џејла деновиве се врати од Шпанија каде беше заедно со пријателки и со Марија Шерифовиќ со која е особено блиска по завршувањето на „Ѕвездите на Гранд“.
На аеродромот ја пречека мама Едита која се пјави во модерна и младешка комбинација, а многумина за фотографијата објавена на Инстаграм коментарираа дека изгледаат како сестри.
И повеќе од јасно е од кого Џејла ја наследила убавината.