Живот и Стил

Две верувања за тоа како настанало китењето на елката – дознајте ги

Две верувања за тоа како настанало китењето на елката – дознајте ги

Секоја година пред Нова година китиме елка. Постојат две верувања за тоа како настанало китењето на елка.

Според првото, свети Бонифације спасил живот на дете кое паганите сакале да го жртвуваат, така што со тупаница срамнил со земја бор околу кој сите се собрале. На местото каде се наоѓал борот никнала елка, како симбол на Исусовиот вечен живот.

Според друго верување, пред повеќе од 2000 години, пред пештерата во која се родил Исус растеле бор, кедар и елка. Од среќа што се родил божјиот син, борот и кедарот се затресле и му подариле плодови. Елката почнала да плаче бидејќи немала плод и што не може ништо да му подари. Еден ангел се сожалил, симнал ѕвезда од небото и ја дал на елката. Елката се свиткала и од својот врв нежно ја пуштила ѕвездата покрај Исус.

Зимзеленото дрво е симбол на вечен живот кај многу стари народи (Египќаните, Кинезите, Евреите). Постојат повеќе легенди за тоа како настанала првата новогодишна елка.

Обичајот за китење на новогодишна и божикна елка влече корени од 11 век. „Рајското дрвце“ украсено со црвени јаболки на 24 декември, на денот на Адам и Ева, во Западна Германија со тек на времето почнало да се внесува дома и да се кити со разни видови на колачи. Свеќите, како симбол на Христос, биле обавезен дел од украсите за елката. Во истата соба се наоѓале мали пирамиди правени од храна и украсени со зеленило, свеќи и ѕвезди.

Со спојување на тие два обичаи во 16 век се прифатил ритуалот за украсување на божикно дрво, а до 18 век тој се приширил на цела Германија, Франција и Австрија. Принцот Алберт, маж на кралицата Викторија, донел елка во виндзорскиот замок во 1841 година. Таа елка била украсена со играчки и мали подароци, венчиња, колачиња и цветови од хартија. Обичајот од кралскиот круг брзо почнал да се шири на средната класа, а потоа и кај обичниот народ.

Со посредство на Германците елката во раниот 17 век се доселила и во Северна Америка, а преку западните мисионери божикното дрво во текот на 19 и 20 век стигнало и во Кина и во Јапонија. Раскошниот изглед кој симболизира среќа, богатство и благосостојба елката го добила во 19 век.

To top