Пејачот Бојан Рајовиќ веќе три децении е во брак со сопругата Драгана, која му роди три деца, ќерките Иван и Анѓела, како и синот Андрија.
– Мојата сопруга е сосема во сосем друг свет, едно време дојдоа кај нас да направат интервју и да не сликаат, а таа едвај се согласи. Таа е некој што бега од јавноста, не е во тој стил. Секако дека многу ме поддржува и ме сака, но не сака јавно да се експонира, а ниту моите деца – изјавил Рајовиќ на почетокот на разговорот.
Бракот на пејачот е стабилен, иако имало несогласувања главно поради пишувањата во медиумите, како што кажал.
Бобан се најде во непријатна ситуација кога еднаш изјави дека најчудното место каде водел љубов со девојка е фудбалскиот терен на работ од шеснаесетникот и тоа двапати по 45 минути без продолженија.
– Ако ме прашате за што се каам најмногу во животот, би рекол дека се каам за таа изјава. Сега во овие години кога станав позрел си велам: „Па, не мораше тоа да го откриеш Рајовиќ, можеше само да го задржиш за себе“. Тоа беше една од првите 3 причини новинарите да не разведат од мојата сопруга, па кога таа го прочита тој наслов, настана хаос. Некои од насловите во весникот ме вцрвуваат, ги покривам ушите, но сето тоа е шоу-бизнис, понекогаш ми се допаѓа некој текст што излегува за мене, но потоа повторно заборавам дека имам и сериозни возрасни деца дома кои не сакаат да го прочитаат тоа, и потоа ми е жал – рекол Бобан.
Фото: Принтскрин/Инстаграм