Живот и Стил

Два утрински ритуали што ќе ви го направат денот поуспешен

Два утрински ритуали што ќе ви го направат денот поуспешен

Се чини дека никогаш немаме доволно време за кратките утрински ритуали, но ова се кратки потези што можат да ни го разубават денот.

Најпаметно нешто што можете да направите за себе секое утро е да воведете два кратки утрински ритуали кои вклучуваат дишење и истегнување, што ќе придонесе за одмор и сила за нови работни победи.

На тој начин, ќе го стимулирате метаболизмот и ќе му го дадете на организмот поттикот што му е потребен.

1. Отворете го прозорецот

Отворете го прозорецот секое утро 5 минути и дишете длабоко. Вдишувајте низ носот и издишувајте полека и долго преку полуотворена уста. Проветрувањето на станот, колку и да звучи едноставно, честопати го пропуштаме, а тоа е важен и неопходен секојдневен ритуал.

2. Истегнете се

Направете едноставни вежби за истегнување, лежејќи или стоејќи. Вдишете длабоко и почувствувајте како се буди вашето тело. Потребни се само пет минути за да почувствувате како се движи енергијата во вашето тело. Овој ритуал ќе ви помогне да го започнете денот подобро и посвесно.

Ако го повторите и навечер, полесно ќе се опуштите, ќе заспиете подобро и подлабоко.

To top