Во текот на вчерашниот ден во регионалните медиуми се појави вест дека српската водителка Душица Јаковљевиќ го пријавала порнашениот сопург Александар Миљуш за семејно насилство односно дека го малтретирал нивниот син.
Како што пишуваат медиумите, наводно Душица и Александар биле сослушени во полиција, а водителката изјавила дека не сака кривично да го гони.
Душица се јавила во полиција тврдејќи дека бившиот сопруг со клучеви гаѓал во синот.
„Полицијата го извести Првото основно судство за пријавата на водителката. Во судот ќе биде доставен извештај за случувањето, но не и кривична пријава затоа што Душица се откажа од кривично гонење на бившиот сопруг“ вели извор за курир.рс
Според него, Душица изјавила дека таа и Александар не живеат заедно, а децата често го посетуваат својот татко.
За оваа случка ќе биде известен и Центарот за социјална работа.
По тој повод, Јаковљевиќ не сакала да даде изјава.
„Не давам изјави за вакви работи. Ви посакувам многу здравје“ кратко прокоментирала водителката.
Како што се наведува, Миљуш исто така бил сослушан во полиција.
Душица и Александар се разведоа во 2014 година, а од бракот добија син и ќерка.