Радио Милева додворувач или насилник?

Душица Грабовиќ прво добивала срамни пораки, а сега закани: Мажот на една позната српска пејачка прво ми се додворуваше, а сега ми се заканува! (ФОТО)

Душица Грабовиќ  прво добивала срамни пораки, а сега закани: Мажот на една позната српска пејачка прво ми се додворуваше, а сега ми се заканува! (ФОТО)

Душица Грабовиќ го коментираше разводот на Андреана Чекиќ и нејзиниот сопруг Иван, кој  минатата година, наводно, и испраќал  „скокотливи“ пораки, но потоа решил да и „застане на патот“.

Душица тврди дека од него таа сега добивала закани.

„Ми се јави нејзиниот сопруг и почна да ми се заканува, но му „одржав лекција“. Ме нарече секако и на крај  ми кажа дека сум била неуспешен абортус. Се гледа кому му се  „испуштило несакајќи, додека јас сум направена од љубов“ – изјавила пејачката за ТВ Пинк.

Но, тоа не беше се’ што Душица сподели со публиката.

„Ја почитувам Андреана Чекиќ, но не ми е гајле за нив како брачна двојка. Денес сум згадена од нивниот однос, особено од неговиот.

„А таа…? Таа треба да ми се заблагодари што го одбив нејзиниот сопруг, додека некои други го прифатија“ – тврди Грабовиќ!

To top