Односот меѓу пејачката Тања Савиќ и нејзиниот се уште законски сопруг Душан Јованчевиќ е комплициран и парот често е тема во медиумите, а сега сосетка на пејачката откри детали за Јованчевиќ.
„Тој и понатаму се обидува да манипулира со Тања, но тоа повеќе не може. Најлошото веќе помина. Таа сега има адвокат, има психолог со кој се советува и не е немоќна и наивна како што тој се надева. Еден ден и се јавува да и каже дека ја сака и дека ќе дојде за да бидат заедно, а кога таа ќе каже не, тој им се јавува на новинарите им раскажува дека ги малтретира децата. Таа едвај успеа да ги смири децата после него. Тања им се посвети со својата сила и со своето срце“, тврди сосетката и додава:
„Во Австралија, Душан ги оставаше сами децата со нивната баба, со никој не се дружеа, никаде не ги водеше. Само ќе им даде играчки и не му е грижа. Тие седеа по цел ден дома и се играа, а тој беше мирен и се шеташе. Затоа и децата толку се здебелија. Кај Тања нема нездрав живот, денот е исполнет, се дружат, се активни, а Душан може да ја мрзи и да лаже“, вели сосетката.
Потсетуваме, во април претходната година, Душан без знаење на пејачката ги зема децата и ги однесе во Австралија.
фото: ата имагес/ никола томиќ