Радио Милева „Знаев дека ќе испаднам“

Драма во „Ѕвездите на Гранд“: Велешанецот Темелков не сакаше ни да го слуша жирито, им го сврти грбот и си замина (видео)

Драма во „Ѕвездите на Гранд“: Велешанецот Темелков не сакаше ни да го слуша жирито, им го сврти грбот и си замина (видео)

Тројца Македонци настапија во петтиот круг од регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, но излезе само еден – велешанецот Александар Темелков.

За препознатливиот Александар не светна ниту еден тастер за глас од жирито, а со тоа значеше дека тој автоматски го напушта шоуто. Кога требаше да почнат со коментирње, единствено Марија Шерифовиќ кажа дека не било добро и тој тука завршува.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/aleksandar-temelkov-go-namestija-vo-dzvezdite-na-grand-preku-glava-mi-e-tebe-video/

Александар според кажаното помисли дека повторно се шегуваат како минатиот пат кога сакаа да и напраат стрес на неговата менторка Вики Миљковиќ, но не беше така.

Темелков не ни сакаше да слуша понатаму, и се заблагодари на Вики, го сврти грбот и си замина.

фото:ѕвездите на гранд/принтскрин/јутјуб

По емитувањето на емисијата, тој се одласи на својот Инстаграм и напиша дека уште пред настапот знаел што ќе се случи и дека се’ било договорено пред негови очи:

Драги мои фанови, пријатели и обожаватели, од срце ви благодарам за бескрајно огромната подршка која сто ми ја пружите овие неколку години. Ви благодарам за секоја пофалба за секој совет за секоја критика вие сте мојата најголема мотивација и затоа ке продолжам и понатаму без разлика на сето ова . Исто така во 5 круг го завршувам моето учество во ова шоу но морам јавно да го споделам ова со сите вас. Јас знаев дека ке испаднам затоа што се пред време се договара кој ќе оди, а кој ке испадне, но сепак сакав да останам достоен до самиот крај и да се појавам за жал вие гледачите не можете тоа да го видите што се случува зад сцената, па на сите ви е малку чудно. А што се однесува до гласањето на жири комисијата се беше договорено пред моите очи и после сето ова мислам дека шоу како што е „Ѕвезде Гранда“ не е за мене или едноставно да кажам не ме заслужува, се стремам кон поголемо нешто од ова шоу али секако ми беше една добра промоција искуство и реклама, но ништо повеќе од тоа затоа што овде не спаѓа само пеењето туку и нешто друго…. Уште еднас ви се заблагодарувам на сите, останете со мене и очекувајте наскоро мои песни и мои музички проекти! – пишува Темелков.

За потсетување, од учествата на македонски кандидати во популарнто шоу, досега најскандалозно беше елиминирањето на Адам Лабунски.

Како изгледаше ситуацијата со Темелков погледнете од видеото на 2:19:58 секунди:

To top