Останува уште повеќе од еден месец до крајот на 2019 година и почеток на Нова година.
Познатите веќе неколку месеци однапред имаат резервирано настапи за новогодишна ноќ, а некои од телевизиите веќе започнаа со снимање на емисии кои ќе се емитуваат на 31 декември.
Имено, сопственичката на ДМ САТ, Драгана Мирковиќ собра дел од српската естрада и во текот на вчерашниот ден се снимаше новогодишна емисија.
Пејачката како домаќинка дојде да ги испочитува своите колеги, но и да го снима својот дел за емисијата која ќе се емитува на нејзината телевизија.
Таа стрпливо на новинарите им одговараше на разни прашања, па кога стана збор за нејзиниот дворец, Мирковиќ истакна дека ќе се вселат кога ќе се средат уште некои ситни детали.
Исто така, Мирковиќ истакна дека кога би морала да бира од нејзините колешки во чиј лик би се нашла, таа одговори дека тоа е Лепа Брена.
За новогодишното снимање, Драгана одбра многу смела комбинација која повеќе открива од што покрива, а до израз дојде и нејзиното деколте.
Пејачката ретко имаме прилика да ја видиме во вакви изданија, а со ваквиот стајлинг ги собра сите погледи, но и позитивни коментари.
За потсетување, Саша Видиќ често знаеше да ја критикува пејачката за нејзиниот изглед.