Драгана Мирковиќ е многу горда на своите наследници, ќерката Мануела и синот Марко, а и тие се гордеат и со својата мајка.
Музичката ѕвезда Драгана Мирковиќ летово беше многу зафатена со настапи, а еден од нив одржа и во Црна Гора. Таму се појави со сопругот Тони Бијелиќ, а иако многумина очекуваа да ги видат децата со нив, Мануела и Марко имаа некои други свои планови.
– Тие се во Србија кај баба и дедо, кај моите, имаме некоја прослава во семејството и така“, изјави Драгана за емисијата „Премиера – викенд специјал“, и призна дека децата повремено доаѓаат да ја слушаат на настапи.
„Тие уживаат, и се гордеат со мама, што е природно и нормално. Многу се внимателни, ми праќаат пораки, ме прашуваат дали сум уморна. А јас им велам: „Деца, што ви е, ја познавате мајка ви. Мама е карпа „Не е секогаш лесно, но горда сум на себе што се држам“, изјавила Драгана Мирковиќ.
Фото:Принтскрин/Ата Имаџес/Премиера