Откако се омажи за Тони Бијелиќ, Драгана Мирковиќ живее во Австрија, но многу често, какопоради работни, така и од приватни причини, го посетува нејзиниот роден град Касидол.
Мирковиќ секогаш истакнуваше дека нејзиниот татко Предраг и мајката Јелица и беа најголема поддршка во нејзиниот живот, но ретко ги покажуваше во јавност.
Сепак, сега Драгана објави фотографија од младоста на нејзината мајка Јелица, а во описот на фотографијата напиша:
– Мамо, те сакам!
Следбениците на пејачката на Инстаграм се согласија дека Драгана ја наследила убавината од нејзината мајка, затоа што многу личи на неа.