Радио Милева Спомени

Драгана Мирковиќ објави досега невидена фотографија од венчавката пред 22 години, а приложи и емотивна порака до сопругот (фото)

Драгана Мирковиќ објави досега невидена фотографија од венчавката пред 22 години, а приложи и емотивна порака до сопругот (фото)

Драгана Мирковиќ и Тони Бијелиќ важат за еден од најкомпатибилните парови на српската јавната сцена. Љубовта ја крунисаа со брак на 28 септември 2000 година на интимна церемонија во Виена, а сега прославија 22 години љубов.

По тој повод, музичката ѕвезда сподели фотографија од венчавката и му испрати честитка на сопругот.

„Среќна годишнина од бракот, љубов“, напишала кратко Драгана, а истата фотографија ја објавил и Тони.

Драгана и Тони ги запознал организаторот на нејзиниот концерт во Виена, а според пејачката тоа било љубов на прв поглед.

‒ Во моментот кога ја подаде раката да ме пречека, почувствував нешто необично. Поради силата на моите емоции не го ни слушнав неговото име. Мислев дека никогаш повеќе нема да го видам во животот, но тој се трудеше да биде поинаков – изјави еднаш Драгана.


‒ Кога се омажив, имав 32 години. Толку многу сакав семејство и деца што никој не можеше да ме спречи дури и да сакаше, а чувствував дека Тони ми е сродна душа, изјавуви претходно Драгана за српските медиуми.

фото:Инстаграм принтскрин/Драгана Мирковиќ

To top