Радио Милева
каков пех...

Драгана Мирковиќ „ја изеде срам“ среде емисија: Пејачката го заборави текстот на сопствената песна во програма во живо! (ВИДЕО)

Драгана Мирковиќ „ја изеде срам“ среде емисија: Пејачката го заборави текстот на сопствената песна во програма во живо! (ВИДЕО)

Пејачката Драгана Мирковиќ покрај Лепа Брена и Цеца е една од најпознатите и најпопуларни фолкерки не само во Србија, туку во целиот регион. Тоа го потврдуваат и нејзините концерти, на кои секогаш присуствуваат илјадници луѓе кои покрај песните го почитуваат нејзиниот лик и дело, а нејзината позитивна енергија е она што покрај бројните хитови, неа ја краси како човек.

Во морето со песни што ги испеала во својата долга кариера, се случува во еден момент да не може да се сети ни на сите, како што беше за време на изведбата на еден од нејзините ТВ настапи на кој пејачката доживеа вистински пех во живо пред бројниот ТВ аудиториум.

Поточно, Драгана заборавила дека нејзината песна „Само да те видам“ има и трета строфа, па останала збунета и престанала да пее  додека течел плејбекот, по што и без двоумење ја прашала: „Има ли и трета строфа?“

Откако музиката продолжила да свири, таа не знаејќи што да прави, повторно ќе праша: „Што да правиме сега?“

Сепак, ова не ја спречило да ја заврши песната до крај и да се изнасмее на самата себеси,  што заборавила дека еден од нејзините најголемите хитови има и трета строфа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @mytavplovak on

Останати вести од Радио Милева