Фолк ѕвездата Драгана Мирковиќ во својот луксузен двор во Виена ќе го прославува 18-от роденден на синот Марко.
Иако нејзиниот син е роден на 24-ти февруари, семејството одлучило славењето да биде сега за нивните пријатели и семејството да бидат во што поголем број.
-Славиме денес затоа што оваа недела се слави и затоа што нашите пријатели и семејство се низ целиот свет, сега главно се слободни и можат да дојдат. Доаѓаат од сите краеви на светот, од Швајцарија, Германија, Америка, вели со гордост Драгана и додава дека на роденденот ќе има 200 гости.
Забавата на Марко ќе биде одржана во нивниот двор и ќе бида прва од таков тип на тоа место.
-Желбата беше на Тони и тоа му го исполнивме, вели низ насмевка пејачката за српските медиуми и додава дека наместо бенд гостите ќе ги забавуваат светски позанти диџеи, но не открива каков подарок ќе добие синот од нив.