Радио Милева

Драгана Мирковиќ брутално искрена: „Секоја чест на оние кои можат да глумат дека се фини“

Драгана Мирковиќ брутално искрена: „Секоја чест на оние кои можат да глумат дека се фини“

Драгана Мирковиќ никогаш не сака да зборува за својот приватен живот, туку за својата кариера и како што вели многу ја нервираат лажни пријателства.

„Знам дека луѓето ги интеренсира. Навистина, не сакам да зборувам за тие работи бидејќи постои нешто што е многу повеќе вредно. Сакам да им дадам шанса на некои луѓе да кажат“, вели Мирковиќ и додава.

„Ние сме пејачи, не сме актери. Оние кои успеваат да одглумат дека се фини, секоја им чест. Јас им честитам бидејќи глумењето им е на завидно ниво“ вели пејачката.

Таа истакна дека имала колеги кои и давале лажна поддршка.

„Имав колеги кои ми даваа лажни прегратки и пријателства. Не сакав да навлегувам во тоа бидејќи ќе се разочарав. Подобро да затворам очи за некои работи“ изјави сопственичката на „ДМ САТ“.

За потсетување, неодамна Драгана се сретна со Цеца на едно новогодишно снимање. Нивната средба предизвика многу реакции и пишувања во медиумите.

To top