Фолк ѕвездата Драгана Мирковиќ со голема тага ја прими веста за невидениот масакр во ОУ „Владислав Рибникар“ во Врачар.
Драгана моментално е на австралиска турнеја каде ги собори сите рекорди на посетеност, но поради страшната вест за трагедијата во Белград, таа одлучи да ги откаже последните два концерта – во Мелбурн и Перт, иако беа распродадени со недели однапред.
– Длабоко потресена од невидената трагедија во мојата земја, ги откажав концертите во Мелбурн и Перт, кои беа закажани за овој викенд. Големо извинување до сите што купиле билети, но се надевам дека ќе бидат со разбирање.
View this post on Instagram
– Моето искрено сочувство и молитви се упатени до семејствата на жртвите. Почивајте во мир ангели – напиша Драгана.
Фото: Принтскрин/Инстаграм