Лице в Лице за македонската публика

Драган Бјелогрлиќ: „Луѓето ме сметаат за бренд, а тоа не ми се допаѓа, повеќе сакам да бидам легенда“ (видео)

Драган Бјелогрлиќ: „Луѓето ме сметаат за бренд, а тоа не ми се допаѓа, повеќе сакам да бидам легенда“ (видео)

Драган Бјелогрлиќ првпат пред камера застана на свои 14 години, а најголемата популарност ја доживеа со улогата на Боба во телевизиската серија „Бољи живот“, која воедно претставуваше последен уметнички производ на кој се радуваше некогашна Југославија. Созреа со филмовите „Убавите села“, „Убаво горат и Рани“, а потоа стана успешен продуцент и режисер.

Ја прослави фудбалската легенда за Монтевидео, а серијата Сенки над Балканот ја смета за свој најголем креативен ризик. Годинава го претстави својот најголем успех – филмот Тома.

 

Во ексклузивно интервју за „Бекстејџ“, Бјелогрлиќ зборуваше на разни теми.

Зошто баш филм за Тома Здравковиќ?

-Идејата е на Жељко Јоксимовиќ, кој е ко – продуцент на филмот, ние сме пријатели, беше кај мене на гости и ми рече дека е убаво да се напраив филм за Тома Здраковиќ, дека неговиот живот е интересен, неговите песни зборуваат за неговиот живот, дека тој е една единствена личност по многу нешта, ми раскажа многу работи кои не ги знаев за него, јас веднаш му кажав „да“, ќе го правиме филмот, потполно ирационално,интуитивно. Подоцна започнав да се занимавам со неговиот живот и сфатив дека преку Тома Здравковиќ можам да направам приказна за едно време, за некои луѓе кои до вчера беа тука, за  една земја која до вчера беше тука и едно време кое го паметам, а сите знаеме дека тоа време нема да се повтори и никогаш нема да биде како некогаш“, вели Бјелогрлиќ.

-Тој додава дека успеале да направат филм кој „пука“ од емоции и кој потсетува на времето кога тие живееле.

Зошто се одлучивте дека е подобро да бидете зад камерите?

-Не размислував за тоа, долго време се занимавав со филм, но едноставно кажано јас почнав да правам филмови кога видов дека моите колеги режисери не прават филмови какви што би сакал јас сакал да гледам. Тогаш јас почнав да се занимавам со режија и почнав да правам филмови какви јас би гледал, па испадна дека некои луѓе би сакале да го гледаат истото, Очигледно дека мојот вкус е ист како публиката на Балканот.

Тој е човек кој не стои во едно место, постојано истражува нешто ново, ги поместува границите кога филмот е во прашање. Многумина го доживуваат како бренд.

На прашањето дали тој се чувствува како бренд, режисерот вели:

-Тамн работа, тогаш поптолно би полудел. Немам профили на социјалните мрежи, немам фејсбук, инстаграм, не се вклучив во тој тренд, а тоа што ме прашувате дека сум бренд, тоа ми звучи премногу формално, површински. Не ми се допаѓа кога ќе ми кажат тој е бренд, ако може да бирам од таа терминологија повеќе ми ќе допаѓа кога некој ќе ми каже – ти си легенда. Но, не бренд“.

Тој зборуваше за неговите предизвици, проблеми, за најтешкиот период во неговиот живот, за неговите почетоците, за споредбата со Драган Николиќ, но и на други теми.

Целото интервју со Бјелогрлиќ за „Бекстејџ погледнето во видеото подолу.

фото: принтскрин/јутуб/бекстејџ/инстаграм

To top