Сите љубители на ова напознато слатко јадење на светот можат да се опуштат затоа што иако чоколадото има многу калории, успешно ги согорува мастите и не дозволува да се „лепат“ за телото.
Луѓето кои јадат многу чоколадо имаат малку масти во телото, открија шпанските истражувачи со анализа на исхраната на 1500 тинејџери помеѓу 12 и 17 години во 9 европски земји.
Исто така утврдено е дека чоколадото има позитивно влијание на циркулацијата, крвниот притисок и здравјето на срцето. Универзитетот во Гранада се поклопува со студии работени во Калифорнија, кои исто така тврдат дека оние кои јадат чоколадо имаат помалку масти во крвта.
Чоколадото можеби има многу калории, но исто така ги неутрализира маснотиите и не дозволува да се „лепат“ за телото. Затоа, јадете чоколадо без никакви грижи!