Новак Ѓоковиќ наполни 31 година, а неговата сопруга Јелена со посебни емоции го дочека овој ден. Јелена е најголемата поддршка на својата посилна половина и јавно искажува љубов и почитување.
Сопругата на Ноле не одолеа на сопругот на овој начин да му ги посака најубавите желби за роденден и уште еднаш да потсети колку ја прави среќна.
-Денес ја пеам песната „Heaven“, Брајан Адамс. Се ежам кога ќе помислам на стиховите „наште млади години, бевме само ти и јас, бевме млади, диви и слободни“, цитираше Јелена дел од песната, а потоа додаде:
-Среќен роденден љубов! Јас сум една многу среќна девојка, сопруга, мајка“, му порача Јелена на Новак.