Само еден детаљ може да внесе значајна промена во вашата просторија.
Кога започна пандемијата на коронавирусот и кога канцелариите ги преместивме во нашите соби, мислевме дека сето тоа ќе трае кратко.
Од кревет, кауч и кујна, се преместувавме од едно место на друго, со надеж дека еден ден повторно ќе се вратиме во канцеларија.
Една година подоцна, сè е исто, а ние моравме некогашната соба да ја претвориме во „мала канцеларија“ која ќе ни служи како работен простор.
Ви претставуваме 5 идеи кои ќе го освежат вашиот работен простор:
1. Шик столче
View this post on Instagram
Светлите нијанси на портокаловата и жолтата се идеален начин да внесете пролет во вашиот дом. Столицата нека биде дел од домашната канцеларија на која што ќе биде фокусот – изберете впечатлив, едноставен облик и дизајн. Внимавајте на нејзината удобност, но и мултифункционалност.
2. Минималистичка маса
View this post on Instagram
Не е тајна дека скандинавскиот стил е омилен кога станува збор за уредување на ентериерот. Доколку се одлучите за екстравагантен стол, вистински баланс ќе направите доколку масата ви биде со модерен, чист и едноставен дизајн. Предлог се големите бели дрвени маси кои што ќе обезбедат доволно простор за сите детали.
3. Необична ламба
View this post on Instagram
Всушност една од првите работи кои што ги сфативме, седејќи 24 часа во нашиот дом е дека мора да имаме пригушено светло, особено во текот на ноќта. Решение? Столна или пак подна ламба со интересен облик. Освен што ќе го направи просторот автентичен, ќе придонесе и во пријатната атмосфера.
извор:точка.ком.мк