Радио Милева божица

Доминација на црвен килим на Сараевски филмски фестивал: Ана Стојановска го носеше најсексапилниот фустан од кој погледот кон неа останува фиксиран (фото)

Доминација на црвен килим на Сараевски филмски фестивал: Ана Стојановска го носеше најсексапилниот фустан од кој погледот кон неа останува фиксиран (фото)

Најновото дело на Милчо Манчевски, филмот „Кајмак“, беше прикажан на 29. Сараевски филм фестивал во програмата „Open Air“, каде што ќе присуствува и дел филмската екипа.

Ана Стојановска која е препознатлива по филмовите на Манчевски и актуелна по последниот, „Кајмак“, беше меѓу глумиците што го привлекоа вниманието на црвениот килим на сараевскиот фислмски фестивал.

Ана едноставно кажано доминираше со својот минималистички, но ултра впечатлив стајлинг.

Таа избрала црн асиметричен фустан со топ од горниот дел и длабок пресек кај струкот и колговите, што дополнително ја нагласи нејзината вита става.

Ана чекореше заедно со режисерот Милчо и колегата Филип Трајковиќ, движејќи се меѓу нив како божица кон која погледот се фиксира.

Ана на секоја од премиерите на „Кајмак“ знае модно да издоминира играјќи на карта на провокација, но сосема умерана и соодветна на нејзиниот темперамент и приликата каде се појавува.

Актерката периодов е доста ангажирана и за емисијата „Во радиус“ заедно со колегата Дритон Вејсели, а се прикажува на МТВ.

Во однос на „Кајмак“ наскоро ќе има и американската премиера, во рамки на 33-тиот фестивал „Синеквест“ во Калифорнија од 15 до 30 август. Се работи за еден од најголемите независни фестивали на американскиот континент. До крајот на август и почетокот на септември, „Кајмак“ ќе биде прикажан на уште четири фестивали.

фото:Инстаграм принтскрин/Ана Стојановска

To top