Оваа маска за коса е лесна за подготвување и е многу ефикасна
Состојки:
- 1 шоља јогурт
- 3 лажици јаболков оцет
- 1 лажица мед
Подготовка
Измешајте ги сите состојки во сад и нанесете ја маската од коренот до врвовите на косата. Чувајте ја маската на косата 30-40 минути, а потоа исплакнете ја со вода и измијте ја на вообичаен начин.
Повторете го ова два пати неделно. Не грижете се за мирисот – можеби на почетокот ќе ви изгледа непријатно, но ќе испари штом косата ќе ви се исуши.
извор: попара.мк