Направете вкусен сладолед со лубеница.
СОСТОЈКИ:
500 гр. лубеница
150 гр. шеќер
2 лажици сок од лимета
300 мл. шлаг
200 мл. млеко
6 жолчки
30 мл. узо
ПОДГОТОВКА:
Се пасира лубеницата со семките, па се процедува.
Се додава шеќер и сок од лимета, па се става во шерпа да се вари 10 минути.
Се цеди и се враќа сирупот на рингла, па се вари да се згусне.
Се мешаат во друг сад жолчки со млеко и шеќер, шлаг и млеко и се загрева се на пареа.
Се додава во сирупот со лубеница и се става узо.
Се лади.
Добар апетит!
извор:готви.мк