Состојки:
½ кг свежи малини
150 гр шеќер
375 мл слатка павлака
1 лажичка екстракт од ванила
Начин на подготовка:
Свежите малини ставете ги во блендер, па потоа испасирајте ги. Во помало тенџере сипете малини, додајте шеќер и мешајте додека смесата да се стопи и да стане изедначена. Во смесата од малини додајте изматена слатка павлака, екстракт од ванила и измешајте. Сипете ја смесата во сад и оставете ја во фрижидер за да се стегне.
извор: кајгана