Со доаѓањето на есента и промената на топлите и студените денови, започна сезоната на настинки, болки во грлото и кашлање.
Сите знаеме колку е тешко да се ослободите од кашлицата, а медот е храна која може да помогне во нејзино ублажување.
На YouTube каналот Divas Kan Kuk има бабински рецепт за домашен пијалок против кашлица направен од само три состојки, мед, маслиново масло и сок од лимон, кој помага и при алергии.
Пред употреба задолжително измешајте и загрејте и по потреба земете една лажица.
Состојки:
1,5 чаши мед
1/2 чаша маслиново масло
сок од 5 лимони
Подготовка:
Во тенџерето истурете ги медот, маслиновото масло и сокот од лимон и измешајте.
Гответе на средна топлина со постојано мешање.
Оставете да се излади.
Истурете во стерилизирана тегла со капак и чувајте ја во фрижидер.
извор:попара.мк
фото:Shutterstock