Во вечната борба против целулит, идеално е еднаш до двапати неделно да правите и пилинг.
Пилингот е и одлична подготовка за нанесувањето антицелулитна крема, а во комбинација со масажа дава одлични резултати во борбата против целулитот. Можете да го купите, а можете и сами да го направите. Ние ви носиме едноставен и ефикасен домашен рецепт.
За овој рецепт ќе ви треба крупно мелен кафеав шеќер и малку маслиново масло. Со својата груба структура, шеќерот ги отстранува мртвите клетки од кожата и ја стимулира циркулацијата на крвта, а маслиновото масло овозможува пилингот полесно да се нанесе на кожата и ја храни.
Начин на подготовка:
Измешајте ги двете состојки во сооднос 1:1. Додека се туширате, втријте го антицелулитниот пилинг со големи, кружни движења на кожата. Потоа исплакнете.
За уште подобар ефект исплакнете ги нозете, колковите и задникот со наизменично топла и ладна вода.
Не заборавајте, во борбата против целулитот, важна е здравата исхрана, вежбањето и внесот на доволно течности.