Потребно е:
1 јајце
200 мл сончогледово масло
една лажичка сенф
една лажичка сол
лажица сок од лимон
Подготовка:
Сите состојки што ги користите треба да бидат од фрижидер. Изладете го сончогледовото масло во замрзнувач 20 минути пред да го направите мајонезот. Во блендер ставете ги јајцето, сенфот, солта, маслото и сокот од лимон. Со помош на стапчето од блендерот, на самото дно блендирајте ја смесата пет секунди. Потоа движете го блендерот горе-долу и матете околу 25 секунди. Вашиот мајонез е подготвен. Чувајте го мајонезот во фрижидер и употребете го во рок од пет дена.
Извор: Попара