Анемијата е многу чест проблем, особено кај помладите жени. Причините за анемијата можат да бидат различни, но најчесто главен виновник е недостатокот на железо, односно недостатокот на овој минерал во нашата исхрана.
За среќа, исхраната може многу да помогне во регулирањето на овој проблем, како и да го подобри нивото на железо, а нутриционистите предлагаат да ги воведете следните намирници:
– сусам
– спанаќ
– домат
Покрај овие намирници, корисниците на социјалните мрежи споделуваат рецепт за кој тврдат дека за само еден месец драстично им ја подобрил крвната слика и проблемот со анемијата:
четвртина цвекло
половина калинка
4-5 јагоди
два портокалови прстени
лажица мед
2дл вода
Подготовка:
Изблендирајте и процедете. Консумирајте секој ден.
Извор:Курир.мк