Живот и Стил

Домашен лек кој навистина функционира: Сируп од коприва идеален за чистење на крвта и спас за артритис

Домашен лек кој навистина функционира: Сируп од коприва идеален за чистење на крвта и спас за артритис

Сирупот од коприва уште од античко време се користи за чистење на крвта, но е и вкусен и освежителен пијалок доколку знаете како да го подготвите. Овој сок е добар и против ревматизам и артритис, а бидејќи копривата има многу железо, се користи и во борбата против анемија. Го пијат дури и оние кои имаат астма и проблеми со кожата.

Исто така, се верува дека спречува респираторни и уринарни проблеми, како и губење на косата. Во продолжение погледнете како можете да го подготвите:

Ви треба:

– 1 кг млади листови од коприва,
– 2,5 литри вода и
– шеќер (500 g на секои 500 ml течност).

Подготовка:

Листовите од коприва измијте ги и исцедете ги, а потоа натопете ги во вода и динстајте ги на средна топлина околу еден час додека додавате зовриена вода. Се процедува, па се додава шеќерот и се меша додека не се раствори целосно. Добиениот сируп истурете го во стаклени шишиња и цврсто затворете.

(Можете да додадете и листови рибизла на листовите од коприва во сооднос 1:1).

Поврзани теми

To top