Радио Милева на закажан термин

Долго време се бори со овој проблем: Лепа Брена заврши во болница (фото)

Долго време се бори со овој проблем: Лепа Брена заврши во болница (фото)

Пејачката Лепа Брена е примена во приватна клиника во Белград каде што имала закажан термин. Во таа прилика таа откри дека била во болница бидејќи имала закажан преглед за проблем со ногата.

– Имав сериозна тромбоза, а оттогаш редовно земам лекови. Најмногу што можете да направите е да се грижите за себе, колку спиете, колку тренирате, дали користите витамини, што јадете. Се грижам за себе, сакам да бидам здрава и да се чувствувам убаво и здраво – изјави во една прилика Брена во емисијата „Ѕвездите на Гранд Специјал“.

Брена по излегувањето од болница уште еднаш изјавила дека имала рутински преглед и дека сега се е во ред со нејзиното здравје.

– Цел живот носам резервни чорапи, телефон и несесер, таму имам секакви работи, носам парфем, крема за раце, полнач, пари и картичка и нешто без што не можам да функционирам последнава година, а тоа се витамините. Ги користам кога имам концерт или имам напорен ден. Редовно ги пијам сите овие витамини бидејќи ми дозволуваат да бидам здрава, но имам и лек кој ми помага кога се прејадувам. Носам и хомеопатски капки, кога сум многу нервозна или иритирана ги ставам под јазикот – истакнала  пејачката.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Лепа Брена

To top