Живот и Стил

Докторите откриваат: Само 10-на минути од оваа активност дневно го намалува ризикот од прерана смрт

Докторите откриваат: Само 10-на минути од оваа активност дневно го намалува ризикот од прерана смрт

Познато е дека телесната активност го намалува ризикот од срцеви болести, канцер и други водечки причини за смрт.

Меѓутоа, не е јасно колку точно тренинг е потребно за да имате таков резултат.

Поради тоа меѓународен тим истражувачи обединиле резултати од 196 претходни студии во кои учествувале над 30 милиони луѓе за да ја создадат една од најголемите анализи спроведени на оваа тема.

Експертите наведуваат дека енергична дневна прошетка може да ја спречи најмалку секоја десетта прерана смрт.

Енергичната дневна прошетка има свои предности
Експертите пресметале дека околу секоја шеста прерана смрт би била спречена доколку испитаниците на студијата би имале најмалку 150 минути умерена телесна активност неделно. Но, дури и половина од тоа, 75 минути неделно или помалку од 11 минути дневно, би можело да ја спречи секоја десетта рана смрт, според метаанализата објавена во магазинот „British Journal of Sports Medicine“.

„Тоа вклучува намалување на ризикот од срцеви болести за 17 отсто и канцер за 7 отсто. Лицата чија телесна активност е минимална или никаква, пример 11 минути брзо одење дневно го намалува ризикот од смрт за 23 отсто“, изјавил Сорен Брејж, експерт за телесна активност на британскиот Универзитет Кембриџ и коавтор на студијата.

„Сè што треба да направите е да пронајдете малку повеќе од 10 минути секој ден“, изјавил тој.

извор:точка.ком.мк

To top