Без оглед на тоа дали станува збор за чоколадо или солен чипс, секој од нас понекогаш сака да јаде таква храна.
Меѓутоа, ултрапреработената храна не е ограничена само на работите кои ги јадеме повремено. Таа вклучува и виршли, леб, јогурт со овошни вкусови, дури и супи од ќесички.
„Таа храна е поврзана со повеќе смртни случаи во светот отколку пушењето цигари“, предупредил д-р Кис Ван Тулекен во поткастот „Diary OF A CEO“.
„Јадев типична западна храна и ужасно се здебелив. Влегов во затворен круг на прејадувањето, тегобите и несоницата. Да продолжев така, би ја дуплирал својата телесна тежина“, додал тој.
Докторот истакнува дека ултрапреработените намирници се нездрави, но и дека создаваат зависност исто како пушењето цигари.
„Зголеменото консумирање на ултрапреработена храна е поврзано со кардиоваскуларните болести, канцерот, високиот крвен притисок, болести на црниот дроб, воспаленија на цревата, депресија, зголемени масти во крвта, синдром на иритабилни црева и деменција“, предупредил докторот.
Што е најлошо, луѓето со ниски месечни примања се принудени да јадат ултрапреработена храна поради тоа што е поевтина.
„Кога би се ослободиле од сиромаштијата, би се ослободиле од околу 60 отсто од проблемите на болестите поврзани со исхраната“, порачал д-р Ван Тулекен.
извор:точка.ком.мк