Дежа ви знае да биде по малку бизарно искуство кое ве тера да ја преиспитате сопствената меморија. Поради него, имате чувство како веќе да сте искусиле одредена ситуација и да сте го доживеале тој момент, па затоа овој популарен француски израз се преведува како „веќе видено“.
И додека некои теории сугерираат дека дежа ву е всушност ситуација во која вашиот мозок се присетува на спомени од претходниот живот или дури би можело да биде и претчувство за иднината, популарниот „ТикТок доктор“, Каран Раџ, открил некои научни факти кои стојат зад сето ова.
„Што е дежа ви? Тоа е всушност грешка во вашиот мозок. Тогаш новата краткотрајна меморија случајно се сместува во долготрајната меморија. Затоа ви се чини како тоа да се случило и претходно бидејќи нашиот мозок нѝ вели дека тоа се стари спомени. Станува збор за неуредна администрација на вашиот мозок“.
Видеото собрало повеќе од 2700 коментари, а луѓето не го криеле разочарувањето што немаат супермоќ каква што мислеле дека имаат.
„Мислев дека можам да ја предвидувам иднината“, напишал еден од нив, а друг се запрашал:
„Дали сум јас единствениот кој, кога има дежа ву, знае што следува, а потоа го поминува остатокот од денот мислејќи дека е видовит?“.
извор:точка.ком.мк