Тахиканците и оваа година испратија повик до семејствата и паровите од целиот свет.
Тахити е најголемиот остров во француска Полинезија, кој со својата убавина привлекува голем број туристи секоја година. Локалната туристичка заедница одлучила да сними кампања за оваа рајска дестинација на Тихиот океан, а своите “модели“ да ги пронајдат меѓу светската публика.
Тахиканците и оваа година испратија повик до семејствата и паровите од целиот свет кои сакаат бесплатен пат до нивниот остров, но исто така кои се подготвени да учествуваат во нивното промотивно видео со име „Two stories/One Mana“ (Две приказни/една Мана).
Смислата на оваа реклама е паровите заедно да допатуваат на Тахити, но во текот на престојот таму, одвоено да уживаат во најголемите природни убавини и атракциите, како на пример: јавање, пливање, танцување и слично.
Благодарение на Мана, која во тахиканската култура се дефинира како животна сила која ги опкружува и поврзува сите живи суштества, паровите сепак ќе бидат соединети во текот на ова искуство..
Повеќе за Тахити и за наградниот натпревар можете да прочитате на интернет страницата „Embrace by Mana“, а во видеото погледнете како претходните добитници Мајкл и Елизабет уживале на своето бесплатно патување на Тахити.