Било кој од споменатите знаци значи дека многу тешко се справувате со стресот и дека се движите кон целосно “згаснување“.
Имате проблем со спиењето
Ако по природа спите цврсто како карпа и одеднаш се забележите себеси како цела ноќ се превртувате со отворени очи и ја чекате зората тогаш тоа очигледно е знак дека сте под стрес. Кога сте загрижени може да се чувствувате немирно толку многу што не можете да потонете во длабок сон. Анксиозните сонови исто така се знак дека сте под стрес. Можно е да сонувате дека доцните на состанок за кој не сте подготвени, повторно да се наоѓате во средно училиште, дека сте го заборавиле распоредот или пак некој да ве брка. Некои луѓе сонуваат како им паѓаат забите. Затоа доколку имате проблем со спиењето тоа може да значи дека стресот го презел вашиот живот.
Не можете да се сконцентрирате како претходно
Често кога сме под стрес во нашата глава се отворени повеќе “прозорци“, а за секој од нив посебно сме загрижени. Додека половина од вашиот мозок е оптеретена со грижи, тешко е да се фокусирате и да обратите внимание на тоа што се случува пред вашиот нос. Па доколку се препознаете себеси како се извинувате затоа што нешто не сте слушнале, треба да знаете дека стресот и тоа како влијае на вашата можност да се сконцентрирате.
Се чувствувате како да сте на работ
Толку многу ве иритира сè, што само го чекате моментот кога ќе “пукнете“. На пример, некои работи порано не би ве нервирале толку многу, односно би имале повеќе трпение за нив. Меѓутоа, кога сте под стрес се случува да “пукнете“ и да ја исфрлите вашата фрустрација многу побрзо од претходно. Овој случај посебно е истражуван кај шоферите.
Не излегувате премногу и преферирате да бидете сами
Кога луѓето многу се под стрес тогаш тие се изолираат од семејството и пријателите. Доброволната интеракција со луѓето може да изгледа како да имате премногу работа, а вие и тоа како се носите со многу други работи кои се случуваат во вас.
Бидете свесни дека еднаш кога ќе ја достигнете крајната граница на стресот не е лесно да се вратите назад.
Превенцијата е клуч
Најдобро што може да направите за себе е да ги следите овие знаци и да си помогнете самите на себе да не “згаснете“. Доколку забележите дека имате некој од овие знаци тогаш ќе знаете што треба да поправите во вашиот живот- да почнете да вежбате, да работите помалку, да спиете повеќе, да се храните поздраво или пак повеќе да се социјализирате.
Иако е невозможно да се елиминира стресот од животот секако дека можете себеси да се поштедите од штетните ефекти.
извор: точка.мк