Живот и Стил

Дојде времето на костените: Есенски рецепт за торта што ќе ги воодушеви вашите најблиски

Дојде времето на костените: Есенски рецепт за торта што ќе ги воодушеви вашите најблиски
Искористете ја сезоната на костените за највкусните есенски десерти
Потребни состојки:
За тестото:
  • 80 грама брашно
  • 125 грама шеќер
  • 115 грама путер
  • 1 јајце
  • 1/2 половина лажичка екстракт од ванила
  • 3 лажици вода
За филот:
  • 2 јајца
  • 500 грама пире од костени
  • 80 грама смелени ореви
  • 200 грама темна чоколада
  • 120 грама путер
Начин на подготовка:

Замесете ги состојките за тестото.

За филот, најпрво измешајте го шеќерот со жолчките, а белките изматете ги во цврст снег. Потоа, во жолчките додајте го пирето од костени и смелените ореви, па на крај вмешајте го и снегот од белките.

Развлечете го тестото во плиток калап за торти. Потоа ставете го кремот од костени. Печете околу 45 минути во однапред загреана рерна на 180 степени.

За крај, стопете ја чоколадата на пареа со путерот и добро измешајте. Со чоколадната глазура што ќе ја добиете, премачкајте ја целата торта.

To top