Секоја генерација си има свои естрадни ѕвезди, свои идоли, свои љубимци на публиката која расте и созрева со нив, а и тие со неа… Тие тројца тоа и се – генерација македонски поп пејачи која стануваше популарна некако во исто време. Димитар Андоновски, Дарко Илиевски, Александар Тарабунов… Во исто време се појавија, се пробиваа, учествува по разни фестибвали., манифестации, музички натпреварувања и доам и надвор од Македонија, почнаа да редат хитови, прават албуми, снимаат спотови, освојуваат награди…
Се’ додека животните и професионални патишта не ги рапрснаа на различни страни, па некои од нив се иселија од земјава, како Дарко Илиевски кој се ожени за ќерката на македонската ДЈ легенда Славе Келешоски и остана да живее во САД, а музиката речиси и ја батали.
Димитар Андоновски исто така вплови во брачните води и се вреати во родната Битола, а и тој како и Дарко стана и сопруг и татко, почна да работи и друга професија, и се придружи на групата „Тајфата“ со која настапува, а на овие локални избори реши да се обиде и во политиката како кандидат на советничката листа на СДСМ во Битола, но не успеа сцената да ја замени со општинската говорница и советничката фотелја.
Александар Тарабунов и понатаму е музички најактивен, снима, сега и микса и продуцира, има неколку нови песни и видеа и среде корона пандемија…
Кога на тројцата „стари музички мускетари“ ќе им се придружи најмладиот, надежната македонска „Гранд ѕвезда“ од семејството Џорлеви, младиот Огнен Здравковски, музичкото „триото-фантастико“ станува „квартет од соништата“, овој пат собран крај софрата!
И тоа во домашна атмосфера, на гости кај „несудениот општински советник“ во Битола.
Братот Дарко дојде од САД, па време беше да се седне… Сите заедно на едно видување за потсетување на старите добри времиња и она што носи денешнината, секако со богато мезе и по некоја пијачка, по дома. А кога ќе се собере екипата добро позната стара, неизбежна е песна и гитара за уште подобра домашна атмосфера, во која свој тон ќе даде и најмалиот Огнен, како „ново дете“ во тимот за уште подобар штимунг.
И кога сите чинии и чаши ќе се испразнат и сите драги песни ќе се испеат, доаѓа време за второ полувреме. Екипата се сели во друга сфера, од домашна во клубска атмосфера. Колку за потсетување на младоста на оние малку постарите и одржување на формата на помладиот и неженетите.
Арно ама, како што може да се забележи по споделените фотографии на социјалните мрежи, „на диско“ заминале само ергените, ако се смета дека и Дарко е овде дојден сам. По дома може сите, за за во диско, женетиот „несуден советник“, дали „по совет“ на младата сопруга или причината некоја друга, останал дома!
Така квартетот одново заврши како трио, како три тела – една душа, која се веселеше до фајронт!
Четвртиот остана само на добриот домаќинлук и гостопримство што им го приреди на другарите, ама тоа е… Во кого душа да остане…? А, и кој да ти признае?!
Фото: Фејсбук и Инстаграм принтскрин/dimitarandon/ognenzdravkovski/aleksandartarabunov/ilievskidarko