Радио Милева завидна колекција

Додека трае разводот на Харис и Мелина, ќерката Џина јавно го покажа скапоцениот накит што го има (фото) 

Додека трае разводот на Харис и Мелина, ќерката Џина јавно го покажа скапоцениот накит што го има (фото) 

Џина Џиновиќ, ќерката на пејачот Харис и дизајнерката Мелина, кои моментално се во процес на развод по 22 години љубов, никогаш не ја криела љубовта кон скапата облека, чанти и чевли, а особено накитот, кој го наследила од нејзината мајка, која може да се пофали и со завидна колекција.

Неодамна пред медиумите како бомба да ги погоди веста дека Мелина и Харис се разведуваат, Џина уживаше на Малдиви, а во таа прилика посебно внимание привлече нејзиниот скап накит.

И тоа не било кој, туку од најпрестижните куќи за накит: „картије“ и „тифани“. Џина позираше со жолто златна нараквица „картије“ украсена со 204 дијаманти вредна неверојатни 47.500 евра, а покрај неа носи и две идентични алки од брендот „Тифани“: едната во бело злато со тиркизна од 6.000, а другата во жолто злато.од 5.550 евра, или од 11.550 евра. Се на се, Џина на одмор носела накит од 59.000 евра.

Инаку, идентична нараквица имаше и Николина Пишек, која ја носеше на погребот и панихидата на нејзиниот покоен сопруг Видое  Ристовиќ.

Да потсетиме, младата Џина еднаш на Тикток ја покажа големата, домашна гардероба, преполна со луксузни брендови.

фото: printskrin/instagram/djinadzinovic

To top