Радио Милева со драги луѓе

Додека Карлеуша славеше роденден, Душко праше „слефи“ со нејзината колешка (фото)

Додека Карлеуша славеше роденден, Душко праше „слефи“ со нејзината колешка (фото)

Јелена Карлеуша деновиве дефинитивно е во епицентарот на настаните, по 11 години ги израдува своите обожаватели со новиот албум кој веќе постигна импресивни успеси, а неодамна го прослави својот 45 роденден и ги собра семејството, пријателите и колегите.

Сепак, на гламурозната прослава не присуствуваше нејзиниот се уште законски сопруг, а тоа наведе многумина да се запрашаат каде и што прави таткото на децата на Јелена во овој момент, дали воопшто бил поканет и ако е така, зошто не се појавил.

Со оглед на тоа што е тешко да му се најде трага бидејќи не се појавува во јавноста, единствен извор на информации за тоа каде се наоѓа е неговиот „Инстаграм“ профил, каде главно споделува објави поврзани со работата.

А дека повремено се наоѓа и по некоја објава сведочи и најновата фотографија од Душко Тошиќ која се појави на социјалните мрежи. во многу убаво друштво.

– Она кога сосема случајно ќе налетате на драги луѓе – гласи описот на фотографијата која фолк дивата Драгана Мирковиќ ја сподели со своите следбеници, откривајќи дека некаде се сретнале случајно и дека средбата поминала во прекрасно расположение.

Овој момент таа го сними и објави со сето срце, бидејќи многу го цени фудбалскиот менаџер и е негов и долгогодишен семеен пријател и на Јелена, па фотографијата на Душко Тошиќ и музичката ѕвезда доби и многу убави коментари.

фото:Инстаграм принтскрин

To top