Живот и Стил

Додајте го овој зачин во топла вода со лимон – напиток кој го зајакнува здравјето и помага при слабеење

Додајте го овој зачин во топла вода со лимон – напиток кој го зајакнува здравјето и помага при слабеење

Куркумата е моќен индиски зачин кој освен за подготовка на вкусни јадења, се користи и за зајакнување на имунитетот и за подобрување на здравјето.

Со векови се користи како природен лек и има моќни антисептички и антиинфламаторни својства, а важи и за силен антиоксидант. Исто така, куркумата успешно се бори против слободните радикали кои можат да го зголемат ризикот од разни заболувања.

Постојат разни начини на кои можете да ја користите куркумата во служба на здравјето, да ја комбинирате со мед, да подготвите златно млеко или чај. Меѓутоа, еден напиток особено се препорачува.

Станува збор за комбинација од куркума и вода со лимон. Овој лековит напиток ќе го подмлади вашето тело и ќе ви даде енергија. Доколку секое утро во чаша вода додадете неколку капки лимонов сок и прстофат куркума, ќе добиете еликсир кој го регулира нивото на шеќер во крвта и го намалува ризикот од воспалителни процеси во телото.

Лимонот е одличен за детоксикација на организмот и е одличен извор на витамин Ц, а еве кои се предностите на ваквата мешавина на лимонова вода и куркума:

– поттикнува слабеење и детоксикација на телото
– помага во разградување на мастите
– куркумата го спречува високото ниво на шеќер во крвта
– го стимулира производството на жолчен сок во жолчната ќеса, како и други компоненти кои поттикнуваат правилно варење
– го зголемува нивото на енергија
– куркумата ја подобрува функцијата на црниот дроб и му овозможува на телото да ги разгради токсините од исхраната
– го зајакнува имунитетот и го намалува ризикот од настинки и грип

Рецепт за вода со куркума и лимон:
– цеден сок од половина лимон
– 1/4 лажичка куркума
– 1/2 лажичка мед
– 300 мл. топла вода
– прстофат цимет (по желба)

Начин на подготовка:
Во топла вода додајте куркума, лимонов сок, мед и промешајте. Додека го пиете напитокот, мешајте за куркумата да не паѓа на дното. Напитокот се пие наутро додека е топол.

Не се препорачува за лица кои имаат проблеми со желудникот како чир или гастритис. Пред употреба на напитокот, консултирајте се со лекар.

извор:точка.ком.мк

To top