Радио Милева

Добрила Ивановска Чабриќ проговори за тешките моменти: „Сите трауми ги доживував свесно“

Добрила Ивановска Чабриќ проговори за тешките моменти: „Сите трауми ги доживував свесно“

Деведесет и две годишната Добрила Ивановска Чабриќ ја освои публиката во регионот со нејзиното учество во музичкото шоу „Никогаш не е доцна“.

Со својата хармиза, волја за живот, совети, Добрила остави силен впечаток и многумина почнаа да и се восхитуваат.

Добрила по гласовите на публиката победи во музичкото шоу.

фото: принтскрин/јутуб

Таа неодамна гостуваше во емисијата „Гранд Магазин“ каде го откри рецептот за својата убавина.

Имено, Добрила прозиведува мед составен од повеќе намирници, а рецептот го земала од руските доктор.

фото: Принтскрин/јутуб

Како што истакна во емисијата, тој мед е добар за имунитетот и во него се крие тајната на нејзиниот изглед.

Меѓутоа, македонската победничка неодамна се соочи со лош период од нејзиниот живот, односно почина нејзиниот син.

фото: Принтскрин/јутуб

Таа во емисијата проговори за оваа трагедија и како успеала да биде силна.

„Јас сум навикната на паѓања. Мојот кум почина на лице место, јас таквите работи ги доживувам многу свесно. Јас прво ќе му се заблагодарам на Господ што сум жива. Кога слушнав дека починал мојот син, мојот внук ми кажа: „Биди храбра, не паѓај духовно“.Тоа е голема болка, како некој да ти го исечил срцето. Но, треба да живеете. Мојот син не сакаше да живее. Тој мене ми кажа: „Јас остарев“. Не ги примаше лековите. Не сакаше да живее, а јас сакам да живеам.Јас не планирам ништо, ако планирам тој ден ми е баскуз“ вели Добрила.

Добрила истакна дека подготвува и албум за српскиот пазар.

To top