По седум години, Кејт Мидлтон ја отпуштила својата лична асистентка Софија Агнев, прнеесуваат британските медиуми.
Софија и нејзиното семејство биле изненадени од одлуката на војвотката. Извори блиски на кралското семејство ги потврдија овие пишувања.
„Точно е дека Софија си замина.По разделувањето на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон од принцот Хари и Меган Маркл немаше потреба од нејзината улога. Таа нема да биде заменета“ вели извор и додава:
„Софија напорно работеше за Кејт, многу ја сакаше работата и се жртвуваше за неа“ вели еден од блиските пријатели.
За Софија ова било уште поголем шок бидејќи добила отказ во лош момент, односно само што се вратила од меден месец.
„Само што се омажи и се врати од медениот месец,ја дочека веста за отказот. Сите се во шок бидејќи беше неочекувано. Мене тоа ми изгледа како кратење на трошоците“ вели пријател.
Софија како и Кејт дипломирала историја по уметност, а на Кејт и беше лична асистентка.
Софија често одеше на патувања со кралското семејство, а на прво службено патување се појави во 2014 година.
Софија не се огласи по овие пишувања, но нејзните блиски пријатели тврдат дека таа е жртва на затегнатите односи меѓу принцевите, а Британците се сигруни дека за нивниот лош однос е крива Меган Маркл.