Живот и Стил

Добила ДНК тест за Божиќ кој ја разоткрил мрачната семејна тајна

Добила ДНК тест за Божиќ кој ја разоткрил мрачната семејна тајна

Во 21-ви век се достапни домашни ДНК тестови со кои може да се утврди нечие сродство и потекло. Меѓутоа, овие тестови можат да откријат и многу лоши работи во што се уверила и една девојка која ја раскажала својата приказна на „ТикТок“.

Кет Мекдоналд открила дека нејзиниот татко пред неколку години одлучил да му подари ДНК тестови на целото семејство по повод Божиќ.

Таа го направила тестот и се изненадила кога открила дека всушност воопшто не е Иркинка како што мислела, туку е 75 отсто Норвежанка, а остатокот Германка и Британка.
„Целиот живот сметав дека сум Иркинка бидејќи презимето ми е Мекдоналд, а косата ми е портокалова“, рекла Кет, но вистинскиот шок следел подоцна.

фото: принтскрин/тик ток

Девојката открила дека нејзиниот татко всушност не е нејзин биолошки татко, па во паника ѝ се јавила на својата мајка која не била изненадена од информацијата. Набрзо дознала дека биолошкиот татко е еден стар семеен пријател, инаку директор на голема компанија кој веќе има 3 ќерки. Кет возела преку половина држава за да го запознае, но кога чул кој дошол во неговата канцеларија, одбил да ја прими.

„Се обидов да му дадам писмо, а сè што сакав да му кажам е „благодарам“ затоа што сум среќна што сум воопшто жива“, вели Кет.

Нејзиното видео на „ТикТок“ е прегледано повеќе од 3,6 милиони пати и предизвикало низа реакции.

„Твојот татко сигурно знаел нешто бидејќи не му даваш ДНК тестови на цело семејство ако не се сомневаш во нешто“, гласи еден од коментарите.

To top