Живот и Стил

Добил 372 милиони на лотарија! Во ова американска држава џек-потот е нормална работа!

Добил 372 милиони на лотарија! Во ова американска држава џек-потот е нормална работа!

Среќниот купувач од предградието на Кливленд преку ноќ станал побогат за дури 372 милиони долари, откако освоил награда на лотарија.

Добитното ливче во американската игра на среќа Мега милион е продадено во државата Охајо, а добитните броеви биле 22, 30, 53, 55, 56 и 16.

Ова е 20-тиот џек-пот чие добитно ливче е продадено во Охајо, откако започнала играта во 2002-ра година, пренесува AP.

Супермаркетот „Giant Eagle“, поради продажбата на добитното ливче, како награда ќе добие 100.000 долари.

Претходниот добитник на главната награда од Охајо на 4 мај 2018 година во износ од 142 милиони долари, одбрал да биде исплатен во кеш.

Добитниците во оваа американска држава имаат рок од 180 дена да ја преземат својата добивка или да се пријават во лотаријата.

извор: курир.мк

To top