Актуелната ТВ водителка на утринската програма „Здраво Македонијо“ и некогашна учесничка на домашните избори за убавина и поранешниот модел Вера Мештеровиќ, е редовен корисник на социјалните мрежи од каде може да се ѕирне и во нејзината приватност.
Вера е меѓу оние најранобудните бидејќи води утринска програма за која мора да се подготви доста рано.
Веројатно тоа го прави сама додека нејзините сакани спијат. Но, исклучоци има.
View this post on Instagram
Па така, едно неделно утро кога можеше да оспие колку може и сака, заедно со неа се разбудија ќеркичката Јована и нејзниниот медо.
-Кога утрото ќе му започне со муабет во кревет, Јована медо и јас е добар знак за прекрасен ден, пишува Вера за објавата.
За среќа навистина треба малку доколку се знае како да се ужива, а кога има здравје, љубов во сечиј дом, тогаш имаме сѐ.
Вера веќе неколку години не е во брак со фудбалерот Игор Кралевски, но на темата развод таа не коментира за медиумите.
View this post on Instagram
Вера од бракот има два деца Јована и Андреј, а за нив вели дека ги учи да бидат чесни.