Живот и Стил

Дневен хороскоп за вторник, 27-ми септември 2022-ра

Дневен хороскоп за вторник, 27-ми септември 2022-ра

ОВЕН
Ќе добиете подарок од партнерот. Одлично време е привремено да ги закопате секирите и да размислите за начин како да ги решите вашите недоразбирања. Доколку ја пропуштите оваа можност, долго ќе чекате нова. Бидете внимателни на улица, особено во сообраќајот.

БИК
Време е за реорганизација. Чистењето и во вашиот дом и на вашето работно место ќе создаде средина за реализација на многу деловни проекти. Но, ако за момент се исклучите од сите професионални активности, ќе сфатите дека не сте центарот на светот.

БЛИЗНАЦИТЕ
Ќе донесете избрзана одлука која не ви нуди вистинско решение. Иако знаете дека работите не одат како што посакувавте, задоволни сте со моменталната состојба. Идеално би било доколку си дадете време да размислите.

РАК
Се чувствувате како да имате контрола, што е целосно во спротивност со вашиот темперамент. На саканата личност му треба поддршка и нема доволно разбирање за вашата хронична несериозност. Опуштете се, секоја сериозна тема се заканува со непријатност.

ЛАВ
Одите со главаат низ ѕид. Уморни сте од чекање и дружење. Мислите дека ќе се смирите ако веднаш ги разрешите сите компликации и сомнежи кои ве мачат извесно време. Не брзајте, бидејќи грешките што би ги направиле денеска може да бидат непоправливи.

ДЕВИЦА
Правите компромис без да особена потреба. Поробени сте на одредени верувања кои не се рационални. Доколку денеска не го слушате советот на пријателот, би можеле да дознаете за тоа на непријатен начин. Верувајте во добродушноста на другите луѓе.

ВАГА
Ненадејната средба отвора можност еден стар познаник да прерасне во романса. Бидете трпеливи со можните тешкотии на почетокот бидејќи сè ќе ви изгледа многу хаотично. Во текот на вечерта пристигнува неочекуван пресврт кој ќе ве потресе.

ШКОРПИЈА
Пред вас е ден полн со динамика. Вие сте на работ на издржливоста. Нешто на работа ве мачи веќе некое време, а не можете да се соочите со тоа. Бидете внимателни, безопасна ситуација може да ве доведе до скандал.

СТРЕЛЕЦ
Чувствувате дека некој се обидува да ви се закани. Победата е можна со голема борба доколку истраете. Во овој период, многумина од вас ќе почувствуваат зголемена напнатост на работа, која е резултат на промените кои се на хоризонтот, над кои немате контрола.

ЈАРЕЦ
Малку сте уморни од интензивното дружење кое партнерот ви го наметнува во последно време. После одлични настани, искуства и забава, потребен ви е малку заслужен одмор. Не двоумете се да му кажете на некој близок.

ВОДОЛИЈА
Време е за избор. Ослободете се од неколку работи кои веќе некое време ве предизвикуваат голема грижа. Без разлика дали се работи за човечки ресурси или за проекти, ве чека тешка одлука за ограничување поради која ќе замерите на многу луѓе.

РИБИ
Барате начин да се оправдате зошто сè уште сте на место каде што многу од вашите соработници одамна заминале. Напорот ќе биде награден, но поради преголемата желба нешто да истуркате до крај, резултатот на крајот ви станува ирелевантен.

извор:нетпрес

To top