Живот и Стил

Дневен хороскоп за вторник (17. декември 2019)

Дневен хороскоп за вторник (17. декември 2019)

ОВЕН

Работa: Не ви е лесно сосема да се фокусирате на работата, затоа што сте оптоварени од проблемите на приватен план.

Љубов: Саканата личност покажува дека не е сигурна во вашите мотиви за врска со неа. Ве очекува турбулентен период.

Здравје: Внесувајте повеќе вода.

БИК

Работа: Одлуките кои сега ќе ги донесете, ќе ви бидат многу важни во иднина. Посветете си се себе и на својата кариера.

Љубов: Ако се грижите околу односот кој го имате со саканата личност, денеска можно е да дојдете до решение.

Здравје: Мали проблеми со притисокот.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Во текот на денешниот ден ќе успеете да го обавите сето она што го имате во план, без голем стрес и напор.

Љубов: Поради чести несогласувања со личноста која ви значи, може да бидете напнати.

Здравје: Проблеми. Иминутетот ви паѓа.

РАК

Работа: Денеска ќе имате повеќе среќа од вообичаено. Ве очекува шанса на ова поле да решите се што ве загрижува.

Љубов: Вашите очекувања на полето љубов моментално може да бидат превисоки. Наклонети сте кон тоа да ги зголемувате проблемите.

Здравје: Без проблеми.

ЛАВ

Работа: Бидете подготовени за промени кои ви следуваат. Многу е важно да се поставите на вистинскиот начин.

Љубов: Караниците со саканата личност би можеле на некој начин да ве доведат до хронична нервоза.

Здравје: Градниот кош ви е чувствителен.

ДЕВИЦА

Работа: Многу работи не одат онака како што сте замислиле, па од тие причини може да бидете наклонети кон фрустрации на полето работа.

Љубов: Денеска ќе имате шанса да сретнете личност која ќе ви стане многу важна.

Здравје: Синусите ви се чувствителни.

ВАГА

Работа: Пред вас е добар период. Очекувајте дека ќе успеете да остварите добар однос со колегите.

Љубов: Подготвени сте да донесете важни љубовни одлуки од кои ќе бидете задоволни на долги патеки во иднина.

Здравје: Проблеми со штитната жлезда.

ШКОРПИЈА

Работа: Денеска ви е неповолен ден во кој би можеле да имате доста фрустрации.

Љубов: Неопходно е да се посветите на донесување на нови одлуки кога е во прашање вашиот однос со саканата личност.

Здравје: Можен низок притисок.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Загрижени сте поради вашата работа, со причина. Ви доаѓа перод во кој ќе имате проблеми.

Љубов: Можно е да сте наклонети со саканата личност да создавате проблеми околу ситници.

Здравје: Несоница.

ЈАРЕЦ

Работа: Нема да бидете претерано задоволни од околностите на ова поле. Можно е да посакате промени во работата.

Љубов: Ако иамте прилика за ново љубовно познанство, искористете ја.

Здравје: Нервниот систем ви е чувствителен.

ВОДОЛИЈА

Работа: Ве очекуваат мали несогласувања во односот со колегите. Пред вас е комплициран ден за работното поле.

Љубов: Нема нови случувања кога е во прашање ова поле. Засега се е монотоно.

Здравје: Проблеми со грбот.

РИБИ

Работа: Премногу очекувате од работа во која не сте вложиле доволно време. Преиспитајте ги своите мотиви и трудот на ова поле.

Љубов: Чувствувате дека постои доза на неискреност од страната на партнерот кон вас, и тоа многу ве загрижува.

Здравје: Избегнувајте алкохол.

Извор: Нетпрес

To top