Живот и Стил

Дневен хороскоп за вторник, 14-ти февруари 2023-та

Дневен хороскоп за вторник, 14-ти февруари 2023-та

ОВЕН
Спакувајте ги куферите. Ментално сте подготвени за патување надвор од градот до забавна дестинација. Планирајте ја вашата рута однапред за да можете максимално да го искористите секој момент. Ќе сакате да уживате во вкусот на храната и културата на локалната заедница каде и да одлучите да одите.

БИК
Тешко е да се игнорира вашиот совет. Денеска статусот на едно прашање е во вашите раце. Ќе се искажете категорички и ќе дадете совети што треба да се кажат во прашања кои се однесуваат на парите. Оној кому се наменети може да одлучи да ги послуша, но може и да не го стори тоа. Глупоста паѓа на негов товар, доколку одлучи да не го послушаат вашето предупредување.

БЛИЗНАЦИ
Вашата сфера на партнерство е жива и активна. Во областа на љубовта и бракот ве очекува прекрасна енергија. Ако сте во врска со одредена личност извесно време, можеби ќе бидете изненадени кога ќе добиете признание за вистинска љубов.

РАК
Длабоко ги чувствувате работите, па кога се жалите за некое прашање, често тоа е откако сте размислувале за тоа извесно време. Денеска нема да ја играте главната улога на маченик. Подготвени сте да им кажете на другите дека не сте задоволни од тоа како се одвиваат работите. Во оваа смисла, можете да поставите ултиматум или да побарате помош од вашиот партнер.

ЛАВ
„Те сакам“ можеби се најтешките два збора што некогаш сте ги кажале на друга личност, но денеска го ставате вашето срцето како влог и го кажувате она што навистина го чувствувате. Вие зборувате сериозно и ската светот за тоа да разбере.

ДЕВИЦА
Кога станува збор за семејството, вие сте љубезни и лојални. Денеска ќе зборувате од срце за прашање за кое сметате дека влијае на сите вас на ист начин. Нема да биде лесно да искажете и да го кажете своето мислење, но ако тоа ѝ помогне на една личност, вие сте подготвени да го направите тоа.

ВАГА
Возможна е отворена комуникација, но за Вагите тоа може да значи дека ќе мора да дејствуваат брзо и решително за да ја вратат важната порака во тајност. Дејствувајте внимателно. Не заборавајте да ги пресметата вашите зборови и благословувања.

ШКОРПИЈА
Не ви се допаѓа кога некој што го сакате троши повеќе време или пари на работи што не ви се потребни. Денеска на дневен ред е „разговорот“ за вашите финансии како двојка, а вие сакате да ја разјасните ситуацијата и да се уверите дека сите се на истата страна.

СТРЕЛЕЦ
Денеска е вашиот ден и ќе правите работи кои ќе ви помогнат да напредувате во животот. Не сакате да губите уште еден ден на несериозни активности. Одложувањето е од другата страна на вратата. Подготвени сте да дејствувате.

ЈАРЕЦ
Минатото е нешто од коешто сте решиле да се откажете, но, исто така, е и добра идеја да разговарате за разделување со личноста во којашто имате доверба или, пак, со терапевт. Денеска може да почувствувате потреба да ослободите дел од стресот од минатите рани и да закрепнете.

ВОДОЛИЈА
Ваши пријател има пореба од силна љубов, а личноста којашто може да му помогне да ја слушне вистината сте вие. Денеска ќе зборувате од срце, иако можеби е тешко да пренесете важна порака.

РИБИ
Можно е на хоризонтот да се појави патување поврзано со работата. Шефот може да побара од вас да заминете некаде за да го проверите потенцијалот за надградба на нова база од клиенти. Ако не сакате да патувате, пропуштањето на оваа можност може да затвори неколку врати што би сакале да ги држите отворени.

извор:нетпрес.ком.мк

To top