ОВЕН
Ќе ви бидат потребни решителност и многу енергија за да го постигнете она кон што се стремите. Го разгледувате вашиот следен чекор полека и постепено и претпочитате да дејствувате само кога имате сигурност и јасност. На ваш близок пријател му треба совет и може да му помогнете.
БИК
Вашата деловна активност денеска е на доста високо ниво. Мерките што ги преземате за да ја осигурате вашата безбедност се снаодливи и успешни. Вашите убедувачки вештини ќе бидат особено потребни и веројатно ќе ви исплатат добри дивиденди. Одложете го одморот за друг ден за да го завршите сево ова.
БЛИЗНАЦИ
Во согласност со општото расположение, ќе избегнувате конфликти и ќе барате соработка од околината. Сите недоразбирања што ќе се појават ќе ги расчистите за миг, многу свесни дека влијаат врз вашата работна способност. За да си олесните, побарајте друштво со оние со кои ви е пријатно.
РАК
Доверливите информации што ги поседувате ќе ги користите одговорно, без да ги злоупотребувате. Вашата способност да се контролирате ќе придобие на ваша страна луѓе и настани што ќе следат од одреден случај. Наскоро ќе се случи долгоочекуваното патување, а другите луѓе ќе зависат од вашата организација за тоа.
ЛАВ
Денеска постои голема веројатност некој од вашите пријатели или роднини да ви пристапат со барање за финансиска помош. Вашите обврски во деловната сфера ќе ви одземат поголем дел од времето. Добрите финансиски резултати ќе ви овозможат полесно да дишете.
ДЕВИЦА
Денеска сте одлично расположени и имате способност да работите за двајца. Ве очекуваат успешни контакти, кои ќе се покажат плодни за вашиот бизнис во иднина. Размислете сериозно за понудата што ќе ви ја дадат денеска за да не ја пропуштите шансата.
ВАГА
Темелно подгответе се за она што планирате да го направите во наредните денови за да ги елиминирате изненадувањата. Во секој случај, ќе останете резервирани кон оние кои ви ветуваат брзи успеси. Грижете се за вашето здравје и внимавајте на ситниците кои предизвикуваат проблеми.
ШКОРПИЈА
Вашето добро чувство за рамнотежа ќе ви донесе успех, но само тоа нема да биде доволно за да ги постигнете вашите цели. Побарајте помош од пријател. Ќе бидете изненадени од неговите добри совети. На личен план, не ги преувеличувајте ги неволјите (едноставно ги нема) и најдете време за одмор и забава.
СТРЕЛЕЦ
Ви претстои службено патување кое ќе биде дури поуспешно отколку што очекувавте. Имајте на ум дека вашиот успех во голема мера зависи од другите луѓе со кои работите. Сепак, тешко дека ќе ве разочараат. Непотребно се двоумите за личен проблем кој самот ќе се реши. Навечер посветете ѝ повеќе внимание на саканата личност.
ЈАРЕЦ
Трпеливи сте и ќе се борите да ја постигнете целта, недозволувајќи да ве попречува надворешно мешање. Но, не бидете себични. Работете напорно, не бегајте од обврските, а вашите успеси денеска ќе ви дадат добри придобивки во иднината. Некои од вас ќе бидат импресионирани од интригантна личност и ќе бараат подиректен контакт со неа.
ВОДОЛИЈА
Со вашето пријателско однесување ќе ја предиспонирате другата страна трпеливо да ги слуша вашите аргументи и заедно ќе најдете решение за заедничко прашање. Ова ќе ја привлече нивната добра волја кон вас, од која ќе имате корист подоцна. Присуството на личноста за која често пријатно размислувате ќе ве возбуди.
РИБИ
Денот ќе ви биде стресен, но достигнувањата ќе ги оправдаат емоциите. Ќе ги имате посакуваните настани и соодветните реализации. Ќе се чувствувате удобно во друштво на слободоумни и позитивни луѓе, какви што сте и самите вие. Работете да ги поттикнете своите идеи и не плашете се да го барате најдоброто за себеси.
Извор: Нетпрес