Живот и Стил

Дневен хороскоп за петок, 7-ми април 2023 година

Дневен хороскоп за петок, 7-ми април 2023 година

ОВЕН

Денес ќе се чувствувате безволно и без енергија. Не е поволен ден за некои деловни планови, одморете и почекајте некоја подобра прилика за тоа. Одморете и соберете ги мислите, утре е нов ден. На работното место ситуацијата е добра, со можност за скоро напредување доколку се потрудите. Колегите ве поддржуваат и можете секогаш да се потпрете на нив. Во љубовта ве очекуваат големи промени.

БИК

На некоја ваша блиска личност и е потребна помош а вие не го забележувате тоа. Завртете се околу себе и не бидете себични, и другите имаат проблеми не само вие. Среќата ќе се сврти кон вас кога ќе почнете да им помагате на другите. Доколку сте слободни, наскоро очекувајте интересен флерт со личност која е многу поинаква од вас. Љубовниот живот полека ќе почне да расцутува.

БЛИЗНАЦИ

На работното место ситуацијата е критична и сите очекуваат од вас да го решите проблемот. Тоа нема да можете да го направите сами затоа слободно побарајте совет од колегите и од шефот. Повеќе глави мислат подобро од една. Прифатете го повикот за состанок од личноста која долго ја познавате но ја гледате само како пријател. Понекогаш љубовта е поблиску отколку што мислите, и се случува кога најмалку се надеваме.

РАК

Вашиот труд ќе биде награден после толку чекање. Ќе се чувствувате презадоволно поради тоа. Проверете го крвниот притисок, не сте машина па да можете да постигнете се одеднаш. Доколку сте во врска, вие и вашата сакана личност ќе испланирате краткотрајно патување кое ќе ја обнови вашата романса. Емоционалната ситуација се поправа.

ЛАВ

Кариерата не треба да ви биде на прво место, немојте да го заборавите семејството и пријателите само затоа што тие се грижат за вас и повеќе што мислите.Одморете и денес посветете се на нив. Во љубовта е време да расчистите некои нешта околу кои веќе долго време размислувате. Сега е вистински миг за тоа.

ДЕВИЦА

Денес ќе бидете попродуктивни отколку било кога, но знајте дека тоа нема да трае вечно. Направете пауза во вистински миг со цел да не се преморите. Чувајте ја енергијата и за некои нови планови. Крајот од денот поминувајте го со саканата личност со некој добар филм или прошетка. Доколку сте слободни, знајте дека некој ве посматра и едвај чека да се сретне со вас.

ВАГА

Денес обрнете внимание на вашето здравје и мислењето за себеси. И на вам ви е потребен одмор, колку и да мислите дека сте силни и неуништливи. Малку контрола и умереност ќе ви годи добро. Не е време за преиспитување кога се работи за љубовта. Можеби ќе добиете одговори на некои прашања кои нема да ви се допаднат, оставете ги за понатаму.

ШКОРПИЈА

Се чувствувате енергично и полетно, само без брзање затоа што можете да го изгубите тој вишок енергија. Фокусирајте се на едно нешто со цел да не ја потрошите енергијата на повеќе страни одеднаш. Ако видите некој со кого ќе ви се сретнат погледите на улица ќе сфатите дека убави нешта се наоѓаат позади аголот. Немојте да избрзувате, правете чекор по чекор.

СТРЕЛЕЦ

Социјалниот живот веќе долго време не ви е на завидно ниво, но еден повик од стар пријател ќе биде вистинска прилика за да се промени тоа. Немојте да ја одбиете оваа прилика. Што се однесува до вашиот партнер, не е време за расправија, најдобро е да излезете на некое романтично место отколку повторно да ја отворите темата за тоа кој е виновен во вашата љубовна врска.

ЈАРЕЦ

Ве чека изненадување на работното место, од вас зависи дали ќе се изненадите пријатно или непријатно. Не го одбивајте повикот од некој колега за подобро запознавање. Не се чувствувате најдобро денес, обрнете внимание на вашето здравје и симптоми додека не биде доцна. Посетувањето лекар не смее да се одложува долго.

ВОДОЛИЈА

Добриот почеток на денот не значи дека тој ќе остане таков. Попладневните часови ќе ви донесат некои непријатни мигови, но на ваша среќа ќе бидат краткотрајни. Средба која не е планирана може да ви го подигне емоционалното расположение на многу поголемо ниво отколку што сте очекувале. Понекогаш е подобро да комуницирате со поглед отколку со зборови.

РИБИ

Послушајте ги советите на блиските личности, вие не сте секогаш најпаметни. Блиските личности ви посакуваат добро, не треба да им се лутите поради нивните зборови. Старите страсти понекогаш се посилни и лесно можат да се распламтат со добар разговор и споделување на емоциите.

To top